5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple и Samsung сакаат воведување на вградени SIM картички

Apple и Samsung сакаат воведување на вградени SIM картички

karticki 999

„Apple“ и „Samsung“ се поддржувачи на идејата дека е време „SIM“ картичките да бидат заменети со вградени чипови во уредите. Според „Financial Times“, двете компании почнаа разговори и работат со организацијата „GSMA“ за да ги претворат своите идеи во реалност.

Веста тешко дека ќе им се допадне на мобилните оператори. Вградените „SIM“ картички, познати уште како „e-SIM“, не се обврзани со оператор и им овозможува на корисниците лесно и брзо да го сменат телекомот.

„GSMA“ исто така ја поддржува идејата, велејќи дека ќе е потребна барем уште една година, додека сите детали бидат надминати. Откако технички ќе биде подготвена и стандардизирана, ќе биде претставена на операторите и производителите на мобилни уреди.

„Apple“ веќе подолго време ја поддржува идејата, па дури направи „iPad Air 2“ и „iPad mini 3“ со такви карти, кои се вградени, но сепак може да се менуваат. На некои оператори сепак не им се допадна тоа. „AT&T“ пример постави услов ако корисник ги активира услугите на телекомот со таква карта, тогаш тој нема да има право да ги менува со други и ќе треба да користи друга картичка. Може да се очекува дека вакво незадоволство ќе има и со можното воведување на „e-SIM“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП