19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Еврозоната е слаба

Драги: Еврозоната е слаба

Dragi

Грчката должничка криза ја покажа слабоста на еврозоната и потребата за силна интеграција во внатрешноста на монетарната унија, изјави вчера претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.

„Оваа унија не е совршена, а со самото тоа е слаба, ранлива, и не дава корист која би можела да биде целосна. Во иднина би требало да преземеме одлучни чекори кон понатамошна интеграција“, наведе Драги, одговарајќи на прашањето дали еврозоната ја ослаби тоа што Германија сугерираше дека Грција би можела повремено да излезе од монетарната унија.

Тој напомена дека дискусиите не носат секогаш слабост.

Драги од 2011 година, кога дојде на чело на Европската централна банка, во повеќе наврати изјави дека еврозоната не треба да се менува, односно дека ниту една земја не би требало да излезе или да биде избркана, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП