22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИ Asus испорачува помалку таблети во оваа година

И Asus испорачува помалку таблети во оваа година

as tabs 33

Целата индустрија на таблет уреди оваа година е во проблеми и скоро да нема компанијата што тоа не го чувствува. Фаблетите (големите телефони) се оние кои ја „убиваат“ продажбата на таблети.

По „Apple“, и „Asus“ објави дека очекува оваа година да испорача помалку таблети отколку што очекувале, а тоа е шест до седум милиони единици.

Тоа е значаен пад од 30 посто во однос на минатата година кога „Asus“ испорача 9.4 милиони таблет уреди.

Овој производител за првата половина од годината испорача 2.5 милиони уреди, што е пад од 39 проценти во однос на истиот период од минатата година. Компанијата не успеа да ја достигне планираната цел за испорака на таблети во првиот и вториот квартал од оваа година, па ваквиот пад е очекуван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП