Според неофицијални податоци од интернет страната „appshopper.com“, на „App Store“ се достапни преку 1.5 милиони апликации. Во моментот на објавување на текстот биле активни точно 1.505.392 апликации.
Како што наведува истиот извор, со тек на време се одобрени вкупно 2.312.662 апликации за „App Store“, но добар број од нив во меѓувреме се отстранети.
Специјално за „iPhone“ се одобрени околу еден милион апликации, оние кои се специјално развиени за „iPad“ се околу 480.000, како и околу 544.000 од оние кои се прилагодени за двата уреди. Апликациите за компјутерот „Mac“ ги има многу помалку или нешто над 23.000.
„App Store“ e лансиран во 2008-ма година заедно со „iOS 2“ и избор од 500 апликации.