22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan размислува за Maxima NISMO

Nissan размислува за Maxima NISMO

max ima

„Nissan“ ја претстави новата генерација „Maxima“ како спортски автомобил со четири врати, а сега размислува дури и за спортска опција на својот седан. Тој ќе биде развиен од спортската поделба „NISMO“, соопштува американското издание „Detroit Bureau“.

Во моментов „Maxima NISMO“ не доби зелено светло за производство, но според продукт менаџер на моделот Вишну Џајамохан, цитиран од „Detroit Bureau“ слична модификација би претставувала нешто навистина посебно.

Тој откри дека во компанијата анализираат доколку таков автомобил би има успех на пазарот, па поради тоа тие очекуваат повратни информации од потенцијалните купувачи.

Ако „Maxima NISMO“ се појави на пазарот, моделот ќе се нуди само како седан. Моторот најверојатно ќе биде истиот 3.5-литарски „V6“, но со поголема моќност. Стандардно тој ќе развива 300 КС. Моделот ќе добие исто така карактеристичен дизајн, спортска суспензија и кабина, помоќни сопирачки и друго.

Стандардната „Maxima“ од новата генерација има погон на предните тркала, а моторот работи во комбинација со вариаторна трансмисија „Xtronic“. Автомобилот располага и со активна шасија, која има неколку режими на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП