Најголемиот светски производител на паметни телефони „Samsung“ ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на кинескиот пазар и да престане со загубата на уделот на овој пазар со продажбата на новиот модел „Galaxy A8“.

Овој смартфон е најтенкиот кој некогаш е произведен од јужнокорејската компанија. Со дебелина од само 5,9 милиметри, тој е рангиран меѓу најтенките во светот. Уредот е со целосно метално куќиште и со тежина од само 151 грама.

Екранот му е 5.7-инчен со резолуција од 1.920 x 1.080 пиксели. Иако има исклучително тенко тело, смартфонот успева да комбинира во себе многу добри технички карактеристики, вклучувајќи и батерија со капацитет од 3.050 mAh.

Меѓу останатите негови карактеристики се процесорот со осум јадра „Qualcomm Snapdragon 615“, 16 мегапиксели задна и 5 мегапикселна предна камера, 2 GB RAM меморија, 16 GB внатрешна меморија, како и сензор за отпечатоци.
Тој располага исто така со слот за проширување на меморијата до 128 GB. Сето ова е со цена од 3.199 јуани (515 долари). Овој смартфон е достапен на кинескиот пазар, но во оваа фаза нема информации дали и кога ќе се појави и на други пазари.