25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал е највредниот спортски клуб во светот

Реал е највредниот спортски клуб во светот

real-najvredniot

Мадридски Реал е највредниот спортски клуб во светот објави магазинот Forbes. Овој магазин вредноста на ‘кралскиот клуб’ ја процени на 3,26 милијарди долари.

Зад Реал се американските клубови Далас Каубојс и Њујорк Јенкиз кои вредат по 3,20 милијарди долари, а зад нив се Барселона (3,16 милијарди) и Манчестер Јунајтед (3,10 милијарди).

Јунајтед бележи пад на листата на магазинот за две места, но сепак остана највредниот англиски клуб пред Манчестер Сити (1,39 милијарди), Челзи (1,37 милијарди) и Арсенал (1,31 милијарди), кои се наоѓаат на 29-то, 31-то и 36-то место на листата.

Американските клубови ја комплетираат листата на десетте највредни спортски клубови во светот: ЛА Лејкерс, Њујорк Никс, Њу Ингланд Петриотс, Вашингтон Редскинс и ЛА Доџерс.

Баерн Минхен се наоѓа на 11-то место (2,35 милијарди).

Инаку Ферари е единствениот преставник на Европа кој не е фудбалски клуб, а која се наоѓа на листата. Скудерија е на 32-то место и вреди 1,35 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП