22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИCommodore се враќа со смартфон (фото)

Commodore се враќа со смартфон (фото)

comodore pet

Секојдневно на различни пазари ширум светот се појавуваат нови модели на смартфони, а наскоро пристигнува уште еден. Но, овој е сепак малку поинтересен. Имено, „Commodore“ има свој паметен телефон кој го нарече „PET“.

„Commodore PET“ е модерен смартфон со „IPS“ екран од 5,5-инчи и кој го одликува „FHD“ резолуција (1.920 x 1.080 пиксели), како и „MediaTek“ осумјадрен процесор со такт од 1,7 Ghz. Што се однесува до меморијата, „Commodore“ ќе претстави два модели, едниот ќе биде опремен со 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија, додека другиот ќе има 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија.

comodore pet1

Независно од моделот, почетниот просторот за чување податоци може дополнително да се прошири со дополнителни 64 GB со помош на „microSD“ мемориска картичка. Камерите според спецификациите не се воопшто полоши од смартфоните на други производители. На задната страна е поставена 13-мегапикселна камера со „LED“ блиц, а предната камера е со резолуција од 8 MP што секако ќе им се допадне на љубителите на „селфи“ фотографии.

„PET“ ќе користи „Android“ оперативен систем и тоа „5.0 – Lollipop“. Со цел да го оправда името „Commodore“ со телефонот ќе се испорачуваат и прединсталирани емулатори (VICE C64 и Uae4All2-SDL Amiga) со цел да може да се играат и некои „C64“ и „Amiga“ наслови од осумдесетите години од минатиот век.

comodore pet2

„Commodore PET“ поддржува две „SIM“ картички и „LTE“ мрежа. Потребната енергија ја црпи од батеријата со капацитет од 3.000 mAh. Моделот со 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија ќе чини околу 300 долари, додека уредот со 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија потребно е да се издвојат околу 365 долари.

Смартфонот „Commodore PET“ ќе може да се набави на американскиот и европскиот пазар во различни бои на куќиштето, сепак, точното време за старт на продажбата засега не е познато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП