18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпродаваните компактни SUV модели

Најпродаваните компактни SUV модели

kompa suv 01

Во европскиот премиум сегмент речиси целосно доминираат автомобили на најголемата германска тројка „Audi“, „BMW“, „Mercedes“. Исклучок од правилото, сепак се луксузните компактни „SUV“ модели, каде лидер е „Volvo XC60“, објави „left-lane“ базирајќи се на официјалната статистика за продажбата на континентот.

Шведскиот модел започна да зема замав уште во 2013-та година, кога заврши на четвртото место во рангирањето според продажбата. Година подоцна „XC60“ веќе беше лидер, а останува како таков и во првата четвртина од 2015-та година.

Резултатот на „Volvo XC60“ за 2015-та година е 18.173 продадени примероци кои претставуваат зголемување од 26% во однос на истиот период од минатата година. На второ место со 16.135 продажби е рангиран моделот „Range Rover Evoque“, а првиот германски претставник во рангирањето е „Audi Q5“, кој е позициониран на третото место со 15.854 возила.

kompa suv 00

Во топ 10 се наоѓаат уште, „BMW X3“ (10.828 примероци), „Mercedes-Benz GLK“ (6562), „BMW X4“ (6108), „Land Rover Discovery Sport“ (5803), „Porsche Macan“ (5733), „Lexus NX“ (3764) и „Land Rover Freelander“ (271).

Општо земено сегментот на компактни премиум „SUV“ модели се зголеми за 34% до 89.231 примероци во првата четвртина од 2015-та година. Аналитичарите предвидуваат до крајот на годинава да бидат продадени речиси 400.000 вакви автомобили или за околу 100.000 повеќе од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП