22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Wells Fargo забележа пад втор квартал по ред

Профитот на Wells Fargo забележа пад втор квартал по ред

wells fargo 993

Најголемата американска банка според хипотекарното портфолио, „Wells Fargo & Co.“ регистрираше пад на профитот веќе втор последователен квартал, откако се зголемија трошоците за персонал и другите трошоци и тоа во момент во кој банката се бори со бавниот раст на приходите, пишува „Ројтерс“.

Нето добивката на „Wells Fargo“ се намали до 5,36 милијарди долари од 5,42 милијарди долари. Вкупните приходи забележаа растат од 1% на годишно ниво или до 21,3 милијарди долари.

Американската банка раздаде хипотекарни кредити во вредност од 62 милијарди долари во вториот квартал, што е повеќе од доделените 47 милијарди долари од пред една година и 49 милијарди долари во првите три месеци од 2015-та година.

Сепак банката очекува да подели помалку хипотекарни заеми во третиот квартал поради доцнењето на активноста при рефинансирање на кредитите и очекуваното зголемување на каматите од страна на Федералните резерви на САД.

Приходите од хипотекарното кредитирање, кои сочинуваат 17% од нето приходот од надоместоци и провизии, се намалува за 1%.

Неликвидните трошоци се зголемуваат за 2,3% или до 12,47 милијарди долари, што е 58,5% од вкупните приходи.

Нето каматна маргина пак се намалува до 2,97% од 3,15% колку што беше пред една година. Одделно, нето каматниот приход се зголемува само за 4%.

Ниските каматни стапки ја намалија нето добивката на банката во текот на претходните два квартали, со што се прекина 5-годишниот тренд на растечки добивки, поттикнати од бумот на рефинансирање на хипотекарните кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП