11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСо овие слушалки ќе го слушнете само она што сакате! (видео)

Со овие слушалки ќе го слушнете само она што сакате! (видео)

slusalki 3003

Еден од моментално најинтересните новитети на „Kickastarter“ се револуционерните слушалки со чија помош може да се контролира звукот на животната средина – неутрализирајќи ги непосакуваните шумови, како плач на дете во градскиот превоз или сирена на улица.

Бежичните слушалки „Here Active Listening“ ги разви компанијата „Doppler Labs“ од Њујорк, а во продажба ќе се најдат од јануари 2016-та.

„Со овие слушалки секој станува инженер на звукот“, се наведува во рекламата за ова технолошко чудо.

Целта не е слушање музика, туку можност за влијание врз звуците околу нас, како што е изборот и контролата на јачината на некој звук, користејќи апликација за смартфон.

Слушалките функционираат како филтер, па така корисникот може да го слушне тоа што тој сака да го слушне.

Компанијата „Doppler Labs“ успеа за овој проект да собере 17 милиони долари, а за нејзините слушалки веќе се заинтересираа и неколку музички манифестации, како што е познатиот калифорниски Коачела фестивал за кој веќе се нарачани 135.000 слушалки за наредното издание.

Погледнете го видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП