21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony развива нов „селфи“ паметен телефон?

Sony развива нов „селфи“ паметен телефон?

sonce

Според гласините кои се појавија во интернет просторот, „Sony“ развива нов паметен телефон насочен кон љубителите на „селфи“ фотографии.

Паметниот телефон е со кодно име „Lavender“. Тој се очекува да е 5.5-инчен уред со најновиот оперативен систем „Android“. Најпрепознатлива карактеристика ќе биде 13-мегапикселна предна камера наменета за популарните „селфи“ фотографии. Смартфонот се очекува да има уште и 13-мегапикселна камера на задната страна.

Многу е веројатно уредот да биде претставен во следниот месец и да се нарекува „Xperia T4 Ultra“. Според друг извор, смартфонот ќе е со името „Xperia C4“.

sonce1

Смартфонот најверојатно ќе има многу мали странични граници и „FHD“ дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели. Процесорот може да е од „MediaTek“, а оперативната меморија да е во износ од 2 GB.

Не е познато дали новиот смартфон ќе се појави првично во избрани земји или своето деби ќе го има на глобално ниво. Засега не е позната ниту неговата цена или во која ценовна класа ќе биде сместен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП