22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајавен моделот Lotus Evora 400 Roadster

Најавен моделот Lotus Evora 400 Roadster

evora kolica

Од „Lotus“ неодамна пристигнаа најави за идните новитети во нивната понуда. За почеток, најавена е „Roadster“ верзија на моделот „Evorа 400“, додека „Coupe“ верзијата неодамна почна да се произведува во Хентел фабриката во Велика Британија.

За погон на идната „Roadster“ верзија (со покривни панели од јаглеродни влакна) ти требало да се погрижи 3,5-литарски „V6“ мотор со 406KS и 410 Nm, во пар со модифициран шестстепен мануелен менувач или изборен шестстепен автоматик. „Evora 400 Coupe“ е за 22 kg полесна и 30 mm подолга во однос на досегашниот модел, а се одликува и со подобрено управување.

Максималната брзина според фабричките податоци е 300 km/h, забрзувањето од 0 дo 60 милји на час (96 km/h) изнесува 4,1 секунди.

Треба да се спомене дека „Lotus“ инаку планира оваа година да продаде околу 3.000 свои автомобили, додека минатата година нивната продажба изнесуваше повеќе од 2.000 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП