7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСерискиот „Sin R1“ ќе се појави на саемот во Франкфурт (фото)

Серискиот „Sin R1“ ќе се појави на саемот во Франкфурт (фото)

r1 model

Производителот на суперавтомобили – „Sin Cars“ ја претстави сериската верзија на својот модел „R1“.

Прототипот на машината беше прикажан уште во 2013-та година, но сега има добиено голем број на подобрувања и дополнителни работи.

r1 model1

Возилото е опремено со 6,2-литарски „V8“ мотор на „General Motors“, кој се користи во претходната генерација на „Chevrolet Corvettе“. Моќноста на моторот е 525 КС, а тој работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач „Graziano“. Масата на машината е 1200 кг, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди.

r1 model2

Сериската верзија на „R1“ располага со „ABS“, системот за заштита од нерамнини, позадинско антикрило прилагодливо по електронски пат и нов издувен систем. Промените во внатрешноста се значителни – целосно нови се инструмент панелот и централната конзола, поставен е различен волан, како и модернизиран инфо-систем за забава со екран на допир. Суперавтомобилот доби уште и спортски седишта „Recaro“, како и систем за климатизација.

r1 model3

Официјалниот деби на возилото пред публика ќе се одржи на автосалонот во Франкфурт во септември, но производството на автомобилот ќе стартува уште во крајот на август.

Дотогаш „R1“ ќе ги обиколува градовите на Европа во потрага по потенцијални клиенти. Во моментов автомобилот се наоѓа на француската ривиера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП