19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинези го преземаат Горење?

Кинези го преземаат Горење?

gorenje

Кинеската компанија ,,Хаиер” е заинтересирана за преземање или стратешко партнерство со Горење, дознава словенечки ,,Финанс”.

Последните неколку недели во Велење отседнаа неколку делегации од кинескиот гигант, но сеуште не е сосема јасно како течеле разговорите.

,,Хаиер” е една од најголемите светски компании за производство на бела техника и има 240 подружници, 30 развојни центри и повеќе од 50 илјади вработени.

Засега е тешко да се каже дали ќе дојде до договор, особено кога се знае дека стратешки партнер на Горење е јапонскиот гигант Панасоник. Затоа останува прашањето колку на јапонците ќе им одговара преземањето, откако успешно беше реконструирана првата фаза во Горење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП