1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBooking Now пристигна и на Android

Booking Now пристигна и на Android

book app

Популарниот сервис меѓу патниците – „Booking.com“ доби соодветна апликација наменета за мобилните уреди кои се темелени на „Android“. Верзијата на апликацијата за овој оперативен систем пристигнува пет месеци по претставувањето на „iOS“ верзијата која забележа солиден успех.

„Booking Now“ ќе овозможува со помош на локацискиот сервис да се откриваат хотели со слободни соби во непосредна близина и во зависност од желбите и можностите. По селектирањето на хотелот, апликацијата ќе ја наведе и неговата локација, па така без многу проблеми корисниците ќе можат да стигнат до посакуваната локација.

book app1

„Постои зголемена побарувачка за брзи резервации, а „свежите“ информации покажуваат дека повеќе од половината „last-minute“ резервации се остварени преку мобилните уреди“, вели Стјуарт Фризби од „Booking“ нагласувајќи дека верува дека овој број во иднина ќе биде уште поголем.

Иако пазарот на кој „Booking Now“ цели е прилично исполнет – главниот збор го водат „Hotel Tonight“, „Priceline“ и „Airbnb“ – eкипата од „Booking“ верува дека има место за нови играчи и надеж дека со квалитетот на својот сервис ќе може успешно да им се спротивстави на останатите конкуренти. Повеќе информации можете да пронајдете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП