18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера на луксузниот Lexus ES за 2016-та година

Премиера на луксузниот Lexus ES за 2016-та година

es lexus

Oдржувањето на лидерството на пазарот на луксузни модели бара постојано подобрување.

es lexus1

„Lexus“, откако направи значајни подобрувања во рамките на „ES“ 2015, продолжува во сличен стил и со моделот „Lexus ES“ за 2016-та кој доби нов преден и заден дел, како и нови тркала односно нови опции за безбедност, поврзување и мултимедија.

es lexus2

„Lexus ES 3650“ служи како дел од стратегијата на брендот во сегментот на основни луксузни модели, комбинирајќи комфор на главниот модел со погон на предните тркала.

es lexus3

„Lexus ES“ нуди моќни и ефикасни перформанси кои се обезбедуваат преку 3.5-литарски шестцилиндарски мотор кој развива 268ks и кој е поврзан со ултра лесен шестстепен автоматски менувач.

es lexus4

Моменталната генерација на моделот „Lexus ES“ веќе ја има класичната „Lexus“ решетка на моторот, додека новата верзија доби како стандардна опрема „LED“ светла кои му даваат на моделот „ES“ привлечен изглед во темница. Целосно редизајнираниот преден дел има светла за магла на самите агли со што се стекнува впечаток за пошироко возило.

es lexus5

Овој модел доби и софистициран изглед и позади, при што задните светла се во форма на буквата „L“, а тука е и освежениот изглед на тркалата кои се достапни во димензии од 17-инчи и четири нови бои.

es lexus6

Покрај „ES 3560“ достапна е и верзија со хибриден погон кој се состои од 2.5-литарски четирицилиндарски мотор кој е поврзан со електричен мотор со вкупна излезна моќ од 200ks.

es lexus7

Хибридната верзија може да се движи со користење на исклучиво еден или друг мотор, односно нормално и во комбинација, додека специјалниот индикатор на хибридниот систем покажува употребата на енергија и ја охрабрува навиката за ефикасно возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП