26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТиквеш еден од спонзорите на „Охридско лето“

Тиквеш еден од спонзорите на „Охридско лето“

oh tikves

Винарската визба „Тиквеш“ е еден од ексклузивните спонзори на годинешното јубилејно 55-то издание на „Охридско лето“.

На годинешното издание на „Охридско лето“ љубителите на културата ќе можат да уживаат во богатата културна програма, зачинета со врвните вина на „Тиквеш“.

Свеченото отворање на годинешното издание на „Охридско лето“ се одржа вчеравечер, на 12-ти јули, а фестивалот ќе биде затворен на 20-ти август годинава, во македонската културна и духовна престолнина Охрид.

Фестивалот „Охридско лето“ е најголемата и најзначајна музичко-сценска манифестација во земјава, која веќе 55 години на едно место ја собира светската уметничка елита, нудејќи ѝ на публиката ексклузивна културна содржина, но истовремено промовирајќи ги националната културна традиција и современото македонско културно творештво.

„Тиквеш“ пак, е најголемата македонска и регионална винарница, која преку виното ја пренесува приказната за спојот на македонското сонце, почва и поднебје и за умешноста на македонецот во креирањето напивка која ја промовира Македонија во светот.

Винарската визба „Тиквеш“ која годинава одбележува 130 години од своето постоење е долгорочно определена за промоција на докажани вредности кои имаат значење за заедницата, поддржувајќи културни манифестации како што се Скопскиот џез фестивал, фестивалот „Браќа Манаки“, Скопскиот филмски фестивал, претставувања на македонски уметници во Македонија и во странство и настапи на значајни странски уметници во нашава земја, се вели во сооштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП