17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродолжува да паѓа продажбата на таблети

Продолжува да паѓа продажбата на таблети

a tab 00

Постојат многу причини зошто продажбата на таблети продолжува да паѓа.

Неодамнешната студија на „Forrester Research“ ни ја понуди една од главните причини. Како производителите на смартфони продолжуваат да го посветуваат своето внимание се повеќе и повеќе кон фаблетите, а тоа има негативен ефект во продажбата на таблети.

Forrester“ порачува дека нивното истражување открило дека 41 процент од работниците во секторот на глобални информации користат телефон со екрани од 5 инчи и поголеми, а 11 проценти од нив имаат примарен таблет, всушност фаблет.

a tab 01

Постојат и бројни статистички податоци кои потврдија дека постоењето на фаблетите значително влијаело на продажбата на таблети.

Еден од нив е и фактот со претставувањето на 5,5-инчниот „Apple iPhone 6 Plus“ телефон влијаело на продажбата на „Apple iPad“ таблетот. Единствена добра работа за производителите на таблети е дека многу компании и натаму ги користат овие уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП