19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостигнат договор, Грција останува во еврозоната

Постигнат договор, Грција останува во еврозоната

zona grcija

Лидерите на деветнаесетте земји коишто ја сочинуваат еврозоната по маратонскиот самит во Брисел успеаа да постигнат договор за новиот пакет помош за Грција и останување на оваа земја во системот со заедничка валута.

„Имавме само една цел, да постигнеме договор и конечно го остваривме тоа“, изјави пред новинарите претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по самитот којшто траеше рекордни седумнаесет часа.

Тој изјави дека на Грција и е одобрен нов пакет со помош од околу 86 милијарди евра, но под строги услови, кои вклучуваат и пакет на мерки за штедење коишто грчкиот парламент мора да ги усвои до среда.

„Ова е шанса, Грција со помош на европските партнери, да се врати на патот на економското опоравување и раст“, изјавил Туск.

Претседателот на Европската комија, Жан Клод Јункер, видно уморен, им порача на новинарите дека нема да се случи „Грексит“, односно излегување на Грција од еврозоната.

„Многу сум задоволен“ изјави тој и рече дека договорот е „типично европско компромисно решение“.

Претседателот на еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јарен Дајслблом истакна дека проблемот со довербата и намерата на грчката влада да спроведе пакет на реформи е конечно надминат.

Тој објасни дека Грција се согласила на клучното барање на доверителите, средствата од приватизацијата да ги префрли во посебен фонд во Луксембург за да се обезбеди тие пари да се трошат на долговите, а не на плати и пензии.

Ова, со барањето трошењето на парите од пакетот на помош да ги контролира Меѓународниот фонд, а не грчката влада, беше главен камен на сопнување на маратонските преговори.

Холандскиот министер објасни дека договорот ќе стапи на сила кон крајот на идната недела, откако ќе го усвои Грчкиот парламент и нејзините европски партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП