19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ајкула“ ќе добие наследник до 2018-та година (фото)

„Ајкула“ ќе добие наследник до 2018-та година (фото)

shark 00

Испираци ја за луксузната автомобилска линија „DS“, „Citroen“ одби од оргиналната „ајкула“ од 1955-та. Шест децении подоцна, светот се уште го очекува наследникот на легендарниот „Citroen DS“.

Иако од неодамна стана посебна марка во рамките на компанијата „PSA Peugeot Citroen“, „DS“ е уште поврзан со „Citroen“ и неговата традиција.

shark 01

Основана во 2009-та како луксузна линија на „Citroen“, „DS“ досега на пазарот ги понуди моделите „DS3“ (во класична и кабриолет верзија), „DS4“ и „DS5“, додека на кинескиот пазар се појавија лимузината „DS 5LS“ и кросоверот „DS 6WR“.

Веќе со години во медиумите се најавува модел кој симболично би претставувал врска со оргиналната „ајкула“, до реализација на еден таков автомобил се уште не е дојдено.

shark 02

Сепак, како што дознава „Automotive News“, „DS“ не се откажа од топ лимузина. Ова интернет страна споменува дека во подготовка е моделот „DS8“ кој во продажните салони ќе пристигне во 2018-та година.

Новиот модел би требало да има стилски елемени од оргиналниот „Citroen DS“ од 1955-та, но и модерните концептни возила – „Numero 9“ и „Divine DS“.

shark 03

„DS8“ ќе биде базиран на „EMP2“ механичката платформа и позициониран така што на пазарот ќе може да им се спротивстави на моделите како што се „Audi A6“ или „BMW Seriѕe 5“.

Со оглед  дека „DS“ своите два најнови модели, „DS 5LS“ и „DS 6WR“, ги претстави во Кина, а се очекува идниот „DS8“ прво да им биде прво понуден на купувачите во оваа земја, пред официјално да биде претставен и во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП