1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei и Google подготвуваат Nexus телефон кој ќе се појави наесен

Huawei и Google подготвуваат Nexus телефон кој ќе се појави наесен

nex oo0

Оваа година би можела да биде интересна по тоа што за прв пат ќе видиме телефон од линијата на „Google“ – „Android Nexus“ изработен од кинески производител.

Постојат информации дека „Huawei“ веќе изработува уреди кои се очекува да се најдат во продавниците во текот на есента. Ова не е прв пат да слушнеме ваква можност, затоа што минатиот месец беше цитиран еден од раководните лица на компанијата од Велика Британија кој порача дека „Huawei Nexus“ телефонот ќе пристигне наскоро.

Познато е дека на пазарот ќе се појават два „Nexus“ телефони, а според гласините моделот на „Huawei“ ќе биде 5,7-инчен, додека моделот на „LG“ ќе биде со 5,2-инчен екран.

Односот меѓу „Google“ и „Huawei“ би можел повеќекратно да биде корисен за двете компании, затоа што постојат тврдења дека „Huawei“ ќе му помогне на „Google“ да ја донесе продавницата за мобилни апликации во Кина.

Од друга страна, „Google“ ќе му помогне на „Huawei“ околу паметниот часовник „Huawei Watch“ да се пласира на западните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП