11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair нуди летови внатре во Грција за 5 евра

Ryanair нуди летови внатре во Грција за 5 евра

ryanair-aircraft-(12)

Авио-компанијата „Ryanair“ ги намали цените на меѓународните летови кон Грција за 30 проценти, додека цената на локалните летови е само 4,99 eвра.

Оние кои бараат што поволна верзија за одмор ќе се израдуваат на оваа вест дека нискобуџетната авио-компанија „Ryanair“ ги намали цените на грчките домашни летови.

Ryanair“ понуди бесплатни летови внатре во Грција во текот на следните две недели под услов да не им се наплатуваат аеродромските такси, меѓутоа властите ја одбија оваа понуда.

„Разочарани сме од тоа што грчката влада не ја прифати нашата понуда, која на граѓаните ќе им овозможи бесплатни летови, но нашата акција за евтини летови од 4,99 eвра останува и натаму, како и намалувањето на цената од 30 отсто во меѓународниот сообраќај кон Грција“, рече директорот на „Ryanair“ Давид О`Брајан.

Тој додаде дека грчките посетители можат да бидат сигурни дека „Ryanair“ ќе продолжи да ги поттикнува патувањата и да го развива туризамот во Грција во време на оваа тешка економска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП