18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGeeksphone го напушта пазарот на паметни телефони

Geeksphone го напушта пазарот на паметни телефони

geek fon

Шпанскиот производител на мобилни телефони „Geeksphone“ објави во официјално соопштение дека го напушта пазарот на паметни телефони, откако во нешто помалку од шест години постоење претстави точно шест различни модели на мобилни телефони.

Но тие шест модели не оставија трага, барем што се однесува до историјата на мобилни уреди. „Geeksphone“ е првиот шпански производител на паметни телефони, прва европска компанија која на пазарот претстави паметен телефон кој користи оперативен систем „Android“ и првиот производител во светот кој претстави телефон кој користи „Firefox OS“.

Исто така, „Geeksphone“ во 2013-та во партнерство со компанијата „Silent Circle“ (специјализирана за безбедносен софтвер) го разви „Blackphone“, телефон со нагласена безбедност во комуникацијата и приватноста на корисникот.

Хардверските инженери и соосновачите на компанијата преминуваат во споменатиот „Silent Circle“, додека преостанатите вработени ќе бидат задолжени за нови проекти на компанијата, преносните уреди кои се нарекуваат „geek!me“, чиј производ на пазарот се очекува да пристигне во следните неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП