2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo S60 Cross Country - лимузина за сите терени (фото)

Volvo S60 Cross Country – лимузина за сите терени (фото)

cc s60

„Volvo“ објави технички детали и нови фотофрафии од полутеренската верзија на моделот „S60“, кој светска премиера имаше на саемот во Детроит на почетокот на годината.

Семејството на модели „Cross Country“ на марката „Volvo“ е побогата за уште една лимузина.

cc s601

Имено, компанијата дојде до идеа седанот „S60“ да го претвори во автомобил за секакви терени.

Овој автомобил има зголемено растојание од земја (+65 mm) во споредба со стандардниот модел.

cc s602

Купувачите ќе можат да одберат верзии со преден погон и две опции со погон на сите четири тркала, превземени од караванот „V60 Cross Country“.

Теренецот“ има карактеристични стилски елементи кои го разликуваат од обичниот „S60“ – како различната маска на ладнилникот, црните куќишта на надворешните ретровизори, заштитните додатоци на крилата над тркалата и долните делови на браниците…

cc s603

„Volvo“ нуди 18 инчни алуминиумски бандажи како стаднард, додека тркалта со димензии 19 инчи се достапни како опција.

Палетата на мотори вклучува 2.0-литарски „Т5“ бензинска единица со 254 ks и 4×4 погон, петцилиндарски 2.4 дизел агрегат со 190 ks и исто така погон на сите 4 тркала, како и дволитарски дизел мотор со 190 ks и преден погон.

„Volvo S60 Cross Country“ во продажба ќе се најде во текот на летото, а почетната цена во Германија изнесува 43.840 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП