2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews1

Најнови вести од светот 19.03.2013

 

Берлин – Ytong, бренд на германската компанија Ксела, за енергетски ефикасна градба, ја освои титулата Бренд на векот, која ја доделува Дојче Стандардс. Брендот Ytong така стана дел од групата на 250 германски производи кои со квалитетот и специфичните карактеристики посебно се истакнуваат во својата индустрија, се наведува во соопштението.

 

Загреб – Од 370.000 невработени на Хрватскиот завод за вработување, само 3.300 би отишле во друга држава, ако на тој начин би добиле работа, а само 6.300 се подготвени за работно место да одат во друг град. Само 11.000 невработени се подготвени да ја вложат својата едукација, ако тоа ја подобри шансата за наоѓање работа – се резултати од анкетата на Заводот за вработување. Јутарњи лист од хрватското министерство за труд и пензиски систем наведуваат дека покрај и така лошата образовна структура и недостиг на компетенција кај невработените, неподготвеноста на мобилност само дополнитетлно ги намалува шансите на невработените на пазарот на трудот.

 

Загреб – Најголемиот хрватски производител на млеко и млечни производи Дукат, презема 50,4 отсто удел во компанијата Љубљанска млекара, водечки преработувач на млеко во Словенија, извести Загрепска берза. Сопственикот на Дукат, француската Лакталис, аквизицијата на Љубљанска млекара ја најави во октомври лани, а по одобрението на словенечката Агенција за заштита на пазарната конкуренција. Дукат стекна 50,4 отсто акции на НФД Холдинг, Фактор Банка, Мутул Фунд КД, КД Банка и Саве. Активностите на Љубљанска млекара ги опфаќаат сите категории за производство на млеко, павлака, јогурт, сирење и сладолед во Љубљана, Марибор, Кочевје и Тузла.

 

Загреб – Хрватската агенција за управување со државен имот АУДИО, неодамна купи 14.400 акции на трговскиот ланец Конзум, па државата сега поседува 234.000 акции на тој трговски ланец со вкупна вредност од 34 милиони куни. Со тоа купување државата врза одреден бој на акции со слободниот пазар, кое на помалите инвеститори ќе им го оневозможува пумпањето на цените пред неминовното потиснување на акционерите кои ги подготвува Агрикор, пишува весникот Објектив. Тој весник наведува и дека против услуга за тоа можат да бидат очекуваните инвестиции кои Агрокор ќе ги спроведе за да го наполни државниот буџет.

 

Загреб – Повеќето големи компании во Хрватска кои вработуваат десетици и иладници луѓе, во тековната година не планира идно намалување на бројот на вработените, сметајќи дека во текот на досегашните откази, бројот на работниците е сведен на минимум. Агрокор нема да отпушта работници во 2013 година, а ни Плива во овој момент не планира да го намали бројот на вработените – пишува весникот Деловен дневник, повикувајќи се на Јутарњи лист. Хрватска и понатаму е соочена со пад на вработеноста, а Плива е една од ретките компании која во 2011 и 2012 година го зголеми бројот на вработените за над 200 луѓе.

 

Љубљана – Стапката на невработеност во Словенија порасна во јануари за 0,6 на 13,6 отсто, втор месец по ред, по растот од 0,8 отсто од декември, соопшти Заводот за статистика во Љубљана. Вкупниот број на регистрирани невработени пораснал во јануари за 5,2 отсто на месечно ниво, на 124.258, што според податоците на Заводот, е највисоко ниво од 1999 година. Стапката на невработеност значително порасна кон крајот на 2012 година и почетокот на 2013, т.е. за 2,1 отсто од септември.

 

Брисел – Еврозоната забележа трговски дефицит од 3,9 милијарди евра во јануари, по декемврискиот суфицит од 10,8 милијарди евра, соопшти европската агенција за статистика Евростат. Извозот во јануари пораснал за 2 отсто, а увозот за 3,1 отсто, наведува Евростат. Трговскиот дефицит во целата ЕУ во јануари пораснал на 16,9 милијарди евра, од декемвриските 1,1 милијарда евра. Извозот од ЕУ во јануари пораснал за 2.9 отсто во однос на декември, со раст на увозот од 1,3 отсто. Аналитичарите тврдат дека ваквите податоци укажуваат на благо подобрување на трговските податоци.

 

Берн – Швајцарскиот државен секретаријат за стопанство СЕЦО објави дека Швајцарија очекува раст на БДП од 2,1 отсто во 2014 година, наместо 2 отсто колку што претходно се сметаше. Проценката на стопанскиот раст за 2013 година остана непроменета и изнесува 1,3 отсто, потенцира СЕЦО во своето соопштение кое го пренесува швајцарскиот весник 24 часа. Стабилната пазарна состојба во Швајцарија и подобрување на иднината на извозот на индустриски производи, ќе го оневозможи растот во тековната година, како и во 2014, прогнозира СЕЦО.

 

Берлин – Германија во 2013 година влезе со нестабилни показатели, но тоа нема да го загрозат зајакнувањето кое се очекува кон крајот на годината – соопшти Бундесбанка. – Нестабилниот почеток на 2013 година, не го доведе во прашање очекуваното зајакнување на економската активност – се вели во мартовскиот извештај на германската централна банка. Откако БДП на Германија падна за 0,6 отсто во последниот квартал во 2012 година, обемот на индустриските порачки и БДП за јануари неочекувано паднаа, загрозувајќи ги надежите за брзо зајакнување.

 

Стокхолм – Заедничката компанија на Ериксон и СТ Микроелектроникс, СТ Ериксон, најави укинување на 1.600 работни места. – СТ Ериксон ќе покрене реформи со што ќе бидат погодени 1.600 вработени, ширум светот, од кои од 500 до 700 работници во Европа, 400 до 600 во Шведска и 50 до 80 отсто во Германија. Во 2012 година компанијата СТ Ериксон вработуваше 5.000 работници.

 

Рим – Трговскиот дефицит на Италија падна на 1,6 милијарди евра во јануари, што е многу помалку во однос на 4,6 милијарди од истиот период лани. Трговскиот кусок на Италија во размената со земјите надвор од Европската унија, бил 2,3 милијарди евра, додека во трговијата со партнери од ЕУ е остварен суфицит од 700 милиони евра, Извозот во јануари на месечно ниво пораснал за 8,7 отсто, додека увозот паднал за 1,8 отсто.

 

Париз, Лондон – Инвестициската компанија Катар Инвестмент нема да го преземе британскиот трговски ланец Маркс енд Спенсер, иако постоеја шпекулации дека тоа ќе се случи. Британскиот дистрибутер Маркс енд Спенсер профитираше на Лондонската берза со раст на акциите од 8 отсто, откако Сандеј Тајмс објави дека Катар Холдинг за британскиот трговски ланец подготвува понуда за купување во вредност од 8 милијарди фунти (9,2 милијарди евра).

Париз, Абу Даби – Компанијата Масдар со седиште во емиратите Абу Даби, заедно со своите европски партнери Тотал и Абенгоа Солар, најави почеток на изградба на најголемата соларна електрана во светот Шамс 1, во источниот дел на Обединетите Арапски Емирати. Електраната која ќе има капацитет од 100 МВ и ќе снабдува илјадници домаќинства во УАЕ. ќе овозможи да се избегне емисија на околу 175.000 тони јаглен-двооксид годишно. Изградбата на соларната електрана ќе трае три години, а ќе чини 600 милиони долари. Уделот на фирмата Масдар во вкупната инвестиција е 60 отсто, додека неговите шпански партнери, Тотал и Абенгоа Солар, имаат по 20 отсто удел.

 

Москва – Русија се уште не одлучила дали ќе го продолжи траењето или ќе ги олесни условите за заем на Кипар, рече извор од руската влада. Лидерите на ЕУ, кои во текот на викендот договорија кредит за Кипар од 10 милијарди евра, очекуваат дека Русија ќе го продолжи кредитот на Кипар, во износ од 2,5 милијарди евра, за уште 5 години, т.е. до 2021 година и да ги олесни неговите услови.

 

Париз – На крајот од ланската година во Франција, договорите на одредено време биле дури 82 отсто од вкупниот број на договори во фирмите до над 10 вработени, што е највисоко ниво уште од 1999 година, кога почнала оваа статистика. Стапката на вработеност на одредено време е највисока во терцијалните дејности 83,7 отсто и во индустријата 68,2 отсто. Во тие два сектора стапката годишно се зголемувала за 3,2 и 4,1 поен, додека во градежништвото се намалуваше за 2,4 поени на 49,9 отсто во 2012 година.

 

Копенхаген – Данскиот производител на играчки Лего планира да изгради фабрика во Кина, во која би се вработиле 2.000 луѓе, за да го задоволи растечкиот азиски пазар. Изградбата на фабриката со површина од 120.000 метри квадратни во Џасјинг, околу 100 км од Шангај, треба да почне во почетокот на идната година, наведе Лего. Првата фабрика на данската компанија надвор од Европа била отворена во 2009 година во Монтереј во Мексико. Производите за азискиот пазар до сега биле доставувани од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП