18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИдеа Плус меѓу финалистите на интернационален адвертајзинг фестивал

Идеа Плус меѓу финалистите на интернационален адвертајзинг фестивал

goob vibes

Креативното решение за Винарската визба Тиквеш за поддршка на Скопскиот џез фестивал, на маркетинг агенцијата „Идеа плус комуникации“ влезе во финалната селекција на Интернационалниот адвертајзинг фестивал „AdStars“ во Азија.

Во огромна конкуренција од целиот свет, односно од пријавени 18.000 решенија, креативното решение на „Идеа плус“ за ВВ Тиквеш влезе во финалната селекција во категоријата outdoor. Пристигнатите решенија ги оценуваше жири од 193 членови од 67 земји.

„Ако сте забележани во конкуренција од 18.000 пристигнати решенија, тогаш нема сомнение дека во работата сте внеле нешто уникатно, порака и емоција која има универзален карактер. Нашиот креативен тим посветено и темелно работи на секој проект и целта ни е да оставиме уникатен и препознатлив печат на нашата работа. Нашата креативната работилница продолжува да работи со полна пареа“ велат од тимот на „Идеа плус комуникации“.

Финалниот победник ќе биде објавен на почеток на следниот месец, кога ќе бидат познати имињата на победниците.

„AdStart“ фестивалот е еден од најбрзорастечките глобални огласувачки фестивали кој претендира да стане еден од водечките во оваа категорија на светско ниво. Бројот на пријавени проекти секоја година расте, што јасно укажува на сѐ поголемиот интерес и престиж да се биде дел од ова натпреварување во светската адвертајзинг индустрија.

„Идеа плус комуникации“ е една од водечките агенции на македонскиот пазар, која нуди целосни комуникациски решенија на пазарот. Основана е во 1996-та година и е една од првите агенции од ваков вид на македонскиот пазар. Со потпис на „Идеа плус комуникации“ се адвертајзинг кампањите на многубројни домашни и светски брендови, а агенцијата е заслужна и за создавањето на многу нови бреднови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП