17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТри неверојатни технологии кои наскоро ќе ги има во смартфоните

Три неверојатни технологии кои наскоро ќе ги има во смартфоните

p tele

Смартфоните веќе се нашата џебна камера, навигатор, телефон и уред за комуникација. Новите апликации се обидуваат да ги направат функционални уреди кои ќе извршуваат се поширок спектар на функции во секојдневниот живот.

Затоа често се потребни и нови хардверски можности. Еве три нови технологии кои можат значително да го прошират полето за користење на најпаметните уреди и наскоро да бидат имплементирани во нив.

p tele1

Спектрометар

Ова е уред со кој што обично работат физичари, хемичари и биолози. Тој ги користи можностите на светлината за анализирање на хемискиот состав на различни материи. До неодамна овие технологии беа големи и непријатни за пренесување. Неодамна компанијата „Consumer Physics“ предложи уред, доволно мал што да може да се вметне во камерата на смартфонот.

За што може да се користи?

Сличен уред, вграден во смартфонот, може да дава информации за составот на храната која ја консумираме, или извалканоста на средината во која живееме. Тоа ќе може да се користи и за анализа на кожата и да предупредува при алармантни состојби.

p tele2

Неверојатно точен GPS

Прецизноста е технологија која се користи многу во паметни телефони. Но геолокационен софтвер развиен од инжинерите во Универзитетот во Тексас, дава можност за одредување на локација на предмети и објекти со точност до неколку сантиметри со користење на сензори со антена во паметните телефони.

За што може да се користи?

Синхронизиран со камерата на смартфонот, оваа технологија дава безкрајни можности за „3D“ мапи со извонредна точност и во реално време, како и создавање на технологија за виртуелна реалност. Оваа технологија може да им овозможи на возилата да избегнуваат кризни моменти, како и да спречува несреќи.

p tele3

Гасни сензори

Нови, не особено скапи безжични сензори, развиени од хемичари на Технолошкиот универзитет во Масачусетс, откриваат голем сет на опасни гасови и алармираат за нив.

За што може да се користат?

Ова ќе го направи многу лесно откривањето на експлозивни материи, како и да алармира за нив. Предупредување ќе се добива и при постоењето на други отровни и штетни гасови за организмот. Со сензорот ќе може да ја проверува и свежината и соодветноста на храната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП