4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ ја обвинува MasterCard за високи такси при плаќање со неевропски картички

ЕУ ја обвинува MasterCard за високи такси при плаќање со неевропски картички

masterce 3030

Регулаторите на Европската унија (ЕУ) го обвинија „MasterCard Inc“ за наметнување на екстремно високи такси при плаќање со картички издадени надвор од ЕУ, кои се користат во рамките на унијата. Според Брисел, тоа ги зголемува цените на стоките и услугите за сите, пренесува „Ројтерс“.

Европскиот антимонополски орган започна нова истрага за вториот во светот издавач на дебитни и кредитни картички во изминатите две години, како дел од напорите да ги намалат овие обвиненија и да ја охрабри прекуграничната трговија.

Антимонополските регулатори на ЕУ вчера утврдија дека високото ниво на девизните такси наплатени на картичките издадени надвор од ЕУ, е „непотребно“.

Кога на пример еден носител на шпанска кредитна картичка ја користи во продавница во Брисел, банката го принудува сопственикот на белгиската продавница да и плати на банката во Шпанија процент од трансакцијата. Според европскиот регулатор во случај кинеска картичка да се користи во продавница во Брисел, банката има корист од страна на сопственикот на продавницата и може да бара исплата на до пет пати повисока такса.

„Бидејќи овие меѓурегионални такси се во износ од стотици милиони евра секоја година, Комисијата е загрижена дека тие ги зголемуваат цените на мало и за возврат може да доведе до повисоки цени за производите и услугите за сите корисници, не само за овие картички издадени надвор од ЕУ“, посочија од регулаторот.

„Имаме загриженост, како во однос на правилата кои „MasterCard“ ги применува за прекуграничните трансакции во рамките на ЕУ, така и за надоместоците наметнати на трговците на мало за прифаќање на плаќања со картички“, изјави европскиот комесар за конкуренција Маргрете Вестагер во соопштението.

Во одговорот од „MasterCard“ посочија: „Ние ќе дадеме официјален одговор на изложените приговори. Работиме со Европската комисија по ова прашање, како дел од еден континуиран конструктивен дијалог“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП