8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Mitsubishi Pajero Sport ќе има премиера на 1-ви август

Новиот Mitsubishi Pajero Sport ќе има премиера на 1-ви август

pajero 0399

Прво официјално претставување на новата генерација „Pajero Sport“ откри јапонската компанија „Mitsubishi“. Премиерата на моделот е закажана за 1-ви август за време на автосалонот во Бангкок, Тајланд.

Сликата не открива многу од моделот, но сепак се гледа дека предниот дел е според новиот стил на брендот наречен „Dynamic Shield“. Општо земено дизајнот е прилично подинамичен од оној на претходникот, а се очекува новото „Pajero Sport“ да нуди и повисока удобност и опрема.

Според непотврдени информации новата генерација „Mitsubishi Pajero Sport“ ја користи базата на пикапот „L200“, од ​​кој ќе ја заземе и палетата на мотори.

Тоа значи дека кај моторите ќе бидат достапни 2,5-литарски дизел кој развива 128 или 178 КС, како и новиот дизел мотор со зафатнина од 2,4 литри кој се нуди во верзии со 154 и 181 КС. Бензинскиот агрегат исто така ќе биде со зафатнина од 2,4 литри и ќе нуди 128 КС.

Сите детали ќе станат познати на 1-ви август, кога новиот „Mitsubishi Pajero Sport“ ќе биде претставен за пошироката јавност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП