26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродолжува да паѓа испораката на компјутери

Продолжува да паѓа испораката на компјутери

lap komp

Светските резерви на компјутери запишаа најголем пад во последниве две години само во последниот квартал. Податоците на аналитичките компании „IDC“ и „Gartner“ се прилично слични и укажуваат на присуство на проблеми во секторот.

Според „Gartner“ испораките во вториот квартал од годината се намалиле за 9.5% до 68.4 милиони уреди. Резултатите на „IDC“ покажуваат уште поголем пад од 11,8% на годишна основа до 66.1 милиони примероци. „IDC“ не ги брои таблетите како дел од персоналните компјутери.

„IDC“ покажува дека „Lenovo“ останува водечкиот производител, следен од „HP“ и „Dell“. И трите водечки компании ја зголемуваат партицијата на пазарот за сметка на помалите производители.

„Garnter“ очекуваат на пазарот да се намали со вкупно 4% во однос на 2014-та година. Надежите се дека „Windows“ 10 ќе помогне контракцијата да е само толку, а не и поголема.

Причините за континуираниот пад се јасни и изгледа нема да има начин да се надминат. На прво место е значително зголемениот интерес за мобилни уреди кои ги заменуваат компјутерите за многу од активностите, како интернет сурфање, комуникација, забава.

Освен тоа самите компјутери веќе се доволно развиени и дури поевтините модели се користат и за домашна употреба и на работните места. Се помалку корисници и компании имаат потреба да ги обновуваат компјутери толку често и го продолжуваат периодот на користење на нивните сегашни уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП