2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија во петтиот барабан пред ждрепката за СП

Македонија во петтиот барабан пред ждрепката за СП

mak-fudbalska-rep

Фудбалската репрезентација на Македонија која на ранг листата на ФИФА објавена во четвртокот се наоѓа на 105-то место, извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Светското првенство во 2018 година, ќе го чека од претпоследниот петти барабан.

Ривали на Македонија во квалификациите нема да можат да бидат Кипар, Летонија, Ерменија, Финска, Белорусија, Азербејџан, Литванија и Молдавија.

ФИФА соопшти дека 52 европски селекции ќе бидат сместени во седум групи во кои ќе има по шест репрезентации, односно во две групи со по пет репрезентации. Исто така, соопштено е дека елитните европски селекции (Германија, Франција, Шпанија, Холандија, Англија и Италија) ќе бидат сместени во групи со по шест репрезентации.

Победниците на групите ќе изборат директен пласман на Мундијалот, а осум најдобри второпласирани селекции ќе играат бараж за пласман.

Квалификациите ќе се играат од 4-ти септември 2016 до 10-ти октомври 2017 година. Баражите ќе се играат во ноември 2017 година.

Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи во Санкт Петербург на 25-ти јули.

Барабан 1: Белгија, Германија, Холандија, Португалија, Романија, Англија, Велс, Шпанија, Хрватска

Барабан 2: Словачка, Австрија, Италија, Швајцарија, Чешка, Франција, Исланд, Данска, БиХ

Барабан 3: Украина, Полска, Унгарија, Шведска, Албанија, Северна Ирска, Србија, Грција

Барабан 4: Турција, Словенија, Израел, Ирска, Норвешка, Бугарија, Фарски острови, Црна Гора, Естонија

Барабан 5: Македонија, Кипар, Летонија, Ерменија, Финска, Белорусија, Азербејџан, Литванија и Молдавија

Барабан 6: Казахстан, Луксенбург, Лихтенштајн, Грузија, Малта, Сан Марино, Андора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП