23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ и предвидува раст од 3,2 отсто на Македонија

ММФ и предвидува раст од 3,2 отсто на Македонија

mmf38

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека Македонија годинава ќе оствари раст од 3,2 отсто, што ќе биде еден од најдобрите економски резултати во регионот.

Главен двигател на економскиот раст на Македонија и натаму ќе бидат инвестициите во инфраструктурата, растот на извозот благодарение на странските директни инвестиции во зоните и високиот кредитен раст остануваат, се вели во соопштението на ММФ, по редовната посета на мисијата на Македонија.

Добрата бизнис клима придонела за привлекување странски директни инвестиции кои го зголемиле извозот и отвориле нови работни места, се заклучува во извештајот на ММФ.

Политичката неизвесност на домашната сцена и ситуацијата во Грција се ризиците кои реално може да се одразат на економскиот раст, истакнува ММФ.

Фондот констатира дека се постигнати повисоки буџетски приходи од планираните, особено данокот на добивка, додека приходите по основ на данок на додадена вредност и неданочни приходи се пониски од планираните. Заедно со повисоки трошоци за платите во полицијата и инвеастиции во безбедносна опрема, според ММФ може да резултира со буџетски дефицит од 4 отсто.

ММФ оценува дека финансискиот сектор останува здрав. Банките, вклучувајќи ги двете грчки банки во земјава, се добро капитализирани, високо ликвидни и обезбедени со домашни депозити. Зголемената претпазливост од страна на монетарната власт треба да одговори на евентуални ефекти од грчката криза, забележува Фондот.

Фондот истакнува дека Македонија во 2008 година влегла во светската економска криза со една од најниските стапки на јавен долг во Европа, која се зголемувала соодветно со растот на економијата и е поврзан со поддршка на економијата преку јавни инвестиции во инфраструктурни проекти. Како што продолжува процесот на закрепнување од кризата и фискалната консолидација, цел на Македонија треба да биде да постигне дефицит под 3 отсто до 2017 година, како што е и планирано од страна на Владата. Тие го поздравуваат и го оценуваат како вистински чекор законското утврдување на лимит на фискалните правила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП