10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГаспром потврди: Запира проектот Турски поток

Гаспром потврди: Запира проектот Турски поток

tur potok

Подружницата на „Гаспром“ – „South Stream Transport BV“ го раскина договорот со италијанскиот подизведувач „Saipem SpA“ за изградбата на првиот дел од оф-шор делот од гасоводот, потпишан во рамките на проектот „Јужен поток“ во 2014-та година.

„Оваа одлука е резултат на неможноста да се постигне договор за многу работници и комерцијални дела од проектот „Турски поток““, посочуваат од „Гаспром“ во соопштението.

Според соопштението остатокот од работата на проектот продолжува и во блиска иднина „South Stream Transport BV“ влегува во преговори со потенцијални изведувачи за поставување на првите цевки на „Турски поток“.

Во прилог на договорот „South Stream Transport“, исто така потпишаа договор за изградба на втора линија на оф-шор дел од гасоводот „Јужен поток“ со швајцарската компанија „Allseas Group“, како и со „Saipem“ за обезбедување на поддршка за изградбата.

Претходно во овој месец руското издание „Независимаја газета“ излезе со материјал дека „Турски поток“ може да не биде спроведен дури и на хартија. Причината за тоа е недостатокот на потпишан договор за отстапки од цената на природниот гас помеѓу „Гаспром“ и турскиот изведувач „Botas“.

Документот требаше да биде потпишан на 29-ти јуни, но тоа не се оствари, а коментарите се дека двете страни се уште не се договориле како да биде применето намалувањето од малку над 10 отсто, договорено уште во февруари на меѓувладино ниво. Без сличен договор пак Турција нема да учествува во проектот за нов гасовод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП