5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајмалата GoPro камера (видео)

Најмалата GoPro камера (видео)

mali gopro111111

Исклучително мала „GoPro“ камера пристигнува со се што се очекува од неа, а дополнителна предност е тоа што е водоотпорна. Видео снима во „Full HD“ резолуција при 60 fps.

„Hero4 Session“ е најмалата камера која „GoPro“ досега ја има претставено, но ова е и првата камера со значително разичен дизајн од првиот модел кој се појави далечната 2007-ма година. Нејзиниот развој траеше три години.

Покрај тоа што е најмалата и најлесната (само 74 грама), oваа камера е голем чекор за „GoPro“, затоа што е првата на која не и е потребно дополнително куќиште за да преживее во тешки услови или во вода до 10 метри длабочина.

Затоа што станува збор за најмалата камера, која чини 400 долари, корисниците ќе мораат да бидет подготвени и на некои отстапки. Па така малата камера е ограничена на 1080p60 видео, но веројатно нема да преживее без „4К“ поддршка. Недостаток е и што батеријата не се менува и нуди 1030 mAh.

Користењето е прилично едноставно. Со кратко притискање се вклучува камерата и автоматски стартува со снимање видео, додека со долго притискање се стартува со фотографирање. Следното притискање го сочувува видеото или фотографиите и ја гаси камерата. Сликите се снимаат во резолуција од 8 мегапиксели (една, „burst“ или „time laps“). Малиот „LCD“ екран на камерата го покажува начинот на работа, состојбата на батеријата и поврзаноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП