17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen потврди два нови кросовери

Volkswagen потврди два нови кросовери

nov kros vw

Два нови кросовери ќе пушти на пазарот германската марка „Volkswagen“, откри директорот на „Volkswagen Group Australia“, Џон Вајт за „CarAdvice“.

Менаџерот не даде конкретни рокови за премиерите на новите автомобили, но појасни дека едниот ќе биде позициониран под „Tiguan“, а другиот над него.

Ова најверојатно значи дека идниот субкомпактен модел ќе претставува сериска верзија на концептот „Taigun“ и ќе се натпреварува на пазарот со возила како „Renault Captur“, „Jeep Renegade“, „Fiat 500X“ и други.

Поголемиот кросовер најверојатно ќе биде во голема мера позајмен од концептот „CrossBlue Coupe“.

„Овој автомобил ќе биде насочен кон оние клиенти кои бараат софистициран, стилски и луксузен кросовер, а не само модел кој се фокусира на функционалноста и очевидност“, појасни Вајт.

Дополнителни информации во моментот недостасуваат. Се очекува нови податоци да бидат објавени наесен, кога „Volkswagen“ ќе ја претстави новата генерација на „Tiguan“. За моделот се тврди дека ќе добие модификација со седум места и продолжено меѓуоскино растојание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП