Македонската фудбалска репрезентација назадуваше за пет позиции на ФИФА листата. На најновата листа на најдобрите светски селекции, која ФИФА ја објави денеска, Македонија се наоѓа на делба на 105-то место со репрезентацијата на Гватемала.

Изминатиот период Македонија одигра еден натпревар, во квалификациите за пласман на ЕУРО 2016-та, во Жилина загуби од Словачка. Пред „црвено-жолтите“ на листата се наоѓаат Куба, Канада, Оман, Етиопија и противникот во квалификациите Белорусија.
Белорусите назадуваа цели 20 позиции и сега се на 100-место, додека најлош рејтинг од противниците на Македонија во квалификациската група има Луксембург (146).
Најдобар рејтинг од селекциите кои играат во А групата има Шпанија (12), потоа следува Словачка (15), па Украина (27). Инаку Шпанците назадуваа за две позиции, а Словаците и Украинците напредуваа за две, односно осум места на ФИФА листата.
Големи промени има и меѓу најдобрите десет, односно по една година Германија првото место и го препушти на Аргентина, додека Германците се втори пред Белгија, Колумбија, Холандија, Бразил, Португалија, Романија, Англија и Велс кој направи „скок“ од цели 12 места.