23 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple се подготвува да ги собори сите рекорди со iPhone 6S

Apple се подготвува да ги собори сите рекорди со iPhone 6S

mobil ee

Очигледно, „Apple“ се подготвува да ги собори сите рекорди со телефонот „iPhone 6S“ кој се очекува да пристигне кон крајот на третиот квартал од годината.

Според информациите кои се појавија во одредени медиуми, компанијата од Купертино нарачала производство на 85-90 милиони единици на „iPhone 6S“ од своите добавувачи. Тие треба до крајот на годината да го произведат овој број на телефони.

Потсетуваме, „iPhone 6S“ уредите според информациите би требало да бидат 4.5 и 5.5 инчни модели.

Наследникот на „iPhone 6“ би требало да има ист дизајн, а покрај моќниот „NFC“ чип ќе има дисплеј со „Force Touch“, како и камера од 12 мегакпикесли со „4К“ снимање. Според гласините, новиот телефон на „Apple“ ќе се најде во продавниците од 18-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП