20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција подготвува реформски пакет тежок 12 милијарди евра

Грција подготвува реформски пакет тежок 12 милијарди евра

grcija zname goreno

Грција подготвува реформски пакет тежок 12 милијарди евра за следните две години, што е повеќе од претходно планираното со цел да спречи државата повторно да падне во рецесија по тешките преговори со доверителите, објави во весникот Катимерини.

Портпаролот на грчката влада Габриел Сакеларидис во рече дека Грција е уверена дека може да постигне договор со меѓународните доверители, а кој може да добие зелено светло и во грчкиот парламент.

„Уверен сум дека договорот ќе добие поддршка од парламентарната група на Сириза и од владејачката коалиција“, рече Сакеларидис за телевизијата Антена.

„Владата чини се што може за да биде веднаш постигнат договор и да заврши периодот на неизвесност“, додаде портпаролот.

Според Катимерини, наместо очекуваниот раст од 0,5 отсто за оваа година, месеците неизвесност и две недели ограничен промет на капиталот ќе значат рецесија од околу три отсто.

„Се проценува дека износот за мерките вредни осум милијарди евра кои Грција ги предложи за 2015. и 2016. ќе мора да бидат зголемени за по две милијарди евра годишно, што чини вкупно 12 милијарди евра за две години“, наведува весникот.

Владата е соочена со рок до петок да поднесе предлог реформи во замена за финансиска помош. Доколку европските партнери бидат задоволни од предлогот ќе го поддржат на самитот во недела, во спротивно ќе биде соочена со можност од напуштање на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП