2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba ќе инвестира во порталот Mei.com

Alibaba ќе инвестира во порталот Mei.com

alibaba nova

„Alibaba Group Holding Ltd“ ќе инвестира повеќе од 100 милиони долари во онлајн порталот за шопинг „Mei.com“ кој е со седиште во Шангај, пренесува „MarketWatch“.

„Mei.com“ e фокусиран на трговијата со луксузни стоки, а потегот на „Alibaba“ е дека цели на вклучување во зголемената побарувачка во Кина на марки од високата класа, наведува извор запознаен со прашањето.

„Alibaba“ објави за последната инвестиција во соопштението во средата, без да обезбеди дополнителни финансиски информации.

Гигантот во електронската трговија се обидува да ги подобри своите предлози на луксузни стоки преку привлекување на повеќе брендови од високата класа кон својот портал „Tmall.com“.

„Тесната соработка на „Mei.com“ со богатиот избор од луксузни брендови ќе го додаде постоечкиот сет на достапни луксузни стоки за кинеските корисници во „Tmall.com““, истакнаа од „Alibaba“.

Додека „Tmall“ е пазар за се – од облека до храна, „Mei.com“ главно се занимава со „high-end“ модни брендови. Според „Alibaba“ нивниот број надминува 2.400 од целиот свет.

„Alibaba“ стана јавно друштво во САД минатата година преку рекордно ИПО за 25 милијарди долари. Од компанијата си поставија цел да го прошират своето портфолио преку повеќе меѓународни брендови, додека се борат со продажбата на многу фалсификувана стока во порталот „Taobao“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП