8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ40-тонскиот електричен камион на BMW (фото)

40-тонскиот електричен камион на BMW (фото)

kam bmw elek

„BMW Group“ претстави електричен камион кој ќе се користи за транспорт на различни делови во фабриката на компанијата во Минхен, Германија.

40-тонскиот камион е произведен од холандската компанија „Terberg“. Тој ќе прави 7 рути секој ден помеѓу логистичкиот центар на компанијата „Scherm Group“ и фабриката на „BMW“, a ќе превезува најмногу автомобилски компоненти, како амортизери, пружини и управувачки системи.

kam bmw elek1

Од германската компанија пресметале дека целосно електричниот камион ќе ја спасува планетата со импресивни 11,8 тони „С02“ емисии секоја година. Горе-долу толку ќе одвои во атмосферата моделот „BMW 320d Efficient Dynamics“ ако ја обиколи земјината топка три пати.

Самиот камион може да помине околу 100 километри со целосно наполнета батерија, овозможувајќи да ги покрива секојдневните обврски. Растојанието помеѓу погоните на „Scherm Group“ и „BMW Group“ е околу 2 километри во едната насока. Полнењето на акумулаторите бара 4 часа.

kam bmw elek2

„„BMW Group“ е првата автомобилска компанија во Европа, која ќе користи 40-тонски електричен камион за превоз на товар за јавни патишта“, споделија од германскиот концерн. Тие прецизираат дека ако машината ја докаже својата сигурност, во блиска иднина проектот ќе биде проширен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП