12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMeizu MX 5 - најдобриот смартфон во средната ценовна класа?

Meizu MX 5 – најдобриот смартфон во средната ценовна класа?

mx5 s

Кинескиот производител на смартфони „Meizu“ пред извесно време го претстави својот најнов модел од највисока класа „MX 5“.

Моделот ветува дека ќе стане еден од најпродаваните смартфони во Кина, а само за првите пет дена биле купени повеќе од 5 милиони примероци.

Смартфонот се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција 1920х1080 пиксели и моќен 64-битен процесор „MediaTek Helio X10“ со фреквенција 2,2 GHz. Тој ќе има 3 GB RAM меморија и најновиот оперативен систем „Android 5.0 Lollipop“. Можеби меѓу најголемите предности е 20,7-мегапикселната камера со сензор „Sony IMX220“, двоен „LED“ блиц и ласерски автоматски фокус.

mx5 s1

Друга карактеристика е неговото целосно алуминиумско куќиште. Интересна опција за „Meizu MX5“ е можноста за користење на скенерот за отпечатоци, кој е вграден во механичкото копче под екранот. Батеријата му е со капацитет од 3150 mAh, како и опција за брзо полнење „mCharge“, благодарение на која за 10 минути телефонот напојува до 25% од својот капацитет, а за 30 минути до 50%.

Моделот се одликува и со највисока оценка во независниот тест на продуктивноста на смартфоните – „AnTuTu“. Со своите 53.330 поени од тестот, смартфонот е пред предводниците,  како „Google Nexus 6“ со 47.079 поени, „Samsung Galaxy Alpha“ со 45.817 поени и „Samsung Galaxy Note 4“ со 44.669 поени.

mx5 s2

Сето ова корисниците ќе го добијат за сума од околу 290 долари, што може да го направи смартфонот најдобрата понуда во средната ценовна класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП