10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаква Грција, финансиско цунами ја тресе Кина

Каква Грција, финансиско цунами ја тресе Кина

chi

Повеќе од половина кинески компании чии акции се тргуваат на тамошните берзи се суспендирани од тргување поради нестабилноста и големата загуба на вредноста.

Најмалку 1.430 од 2.800 компании се суспендирани од тргување додека пазарот продолжува со неверојатна флуктуација, перенесува СИ-ЕН-ЕН.

Компаниите-главно мали и средни, јасно манифестираат нервоза поради големите промени во вредноста на нивните акции на берзата.

Акциите на компаниите можат да бидат суспендирани од тргување со месеци, дури и години- се е прашање на регулаторното одобрување.

Акциите во Шангај паднаа повеќе од 30 отсто за помалку од еден месец, од 12 јуни, откако достигнаа неверојатна вредност. Во еден момент, Шангајскиот индекс скокна за 60 проценти, но потоа започна пад.

Од 12 јуни, Шангајскиот индекс изгуви 32 отсто од вредноста, додека вториот Шенжен индекс, кој се споредува со американскиот Насдак, падна за 41 отсто.

Кинеската влада се обиде да го стабилизира пазарот, но се чини дека овие напори имаа мал ефект- пазарите останаа крајно нестабилни.

,,Во моментов се чувствува паника на пазарот и експанзија на ирационалниот дампинг на акциите, што доведе до пад на ликвидноста на берзата”, оценила кинеската регулаторната комисија за хартии од вредност.

Владата прави се за да се спаси пазарот. Централната банка ги исече каматните стапки на рекордно ниво, брокерските куќи се должни да купуваат акции во вредност од милијарди, а регулаторите ги суспендираа новите ИПО-а. Меѓутоа инвеститорите не се уверени во успехот на тие мерки.

kina

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП