10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските економисти ја повикаа Меркел да и дозволи отстапки на Грција

Светските економисти ја повикаа Меркел да и дозволи отстапки на Грција

ek grece

Водечките светски економисти ја повикаа германската канцеларка Ангела Меркел да го промени политичкиот курс и да и дозволи отстапки на Грција.

Економистите апелирале до Меркел да престанe насила да го храни грчкиот народ преку бескрајни мерки за штедење.

„Нашата порака е јасна. Апелираме да се преземат мерки од витално значење за Грција, Германија и за целиот свет. Историјата ќе ве памети по вашите постапки оваа недела“, се наведува во писмото кое го потпишале економистите Хајнер Фласбек, Томас Пикети, Џефри Сакс, Дани Родрик и Сајмон Врен-Луис.

Во писмото, кое што го пренесува The Guardian, тие оценуваат дека лекот кој бил препишан од страна на германското министерство за финансии и Брисел, довел само со крварење на пациентот, а не ја излечил болеста.

„Сега од грчката влада се бара да стави пиштол на слепоочницата и да го повлече орозот. Нажалост, куршумот нема само да ја убие иднината на Грција во Европа. Колатералната штета ќе ја убие еврозоната како светилник на надежта, демократијата и просперитетот, а би можело да има и големи економски последици за целиот свет“, предупредуваат економистите.

Тие се надеваат дека Меркел ќе преземе храбри и дарежливи чекори кон Грција, кои ќе бидат значајни за Европа и генерациите кои доаѓаат. Меркел во вторникот, по доаѓањето на самитот на лидерите на еврозоната во Брисел, изјавила дека се уште нема основа за преговори околу новиот пакет финансиска помош за Грција. Германската канцеларка додала дека веќе не остануваат недели, туку денови за решавање на грчкото прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП