18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на Apple Watch падна за 90%

Продажбата на Apple Watch падна за 90%

watch apple 24

Продажбата на паметниот часовник „Apple Watch“ не оди според првичните очекувања. Првите знаци за тоа беа видливи уште во април, но реалните проблеми се пројавиле во јуни, покажува анализата на „Slice Intelligence“.

Според аналитичарите, падот на продажбата е за околу 90% во однос на првичниот голем интерес во првите денови од неговото претставување. „Slice“ наведува дека „Apple“ веќе продава под 20.000 часовници на ден, а во некои дена под 10.000 примероци. За споредба, во неделата по почетокот на продажбата, компанијата продавала во просек 200.000 единици дневно. Но, сега „Apple Watch“ заостанува во продажба зад конкурентите како „Fitbit“.

Освен тоа две третини од сите продадени „Apple Watch“ примероци се од најевтина верзија која чини 349 долари. „Apple“ се надеваше дека ќе привлече повеќе внимание кон луксузната модификација која чини 549 долари. Според податоците на „Slice“, во САД, „Apple“ има продадено и под 2000 примероци од најскапата златна верзија на часовникот, која чини 10.000 долари.

 

pad saatce

Истражувањето на компанијата „Parks Associates“ дава и делумен одговор зошто продажбата на „Apple Watch“ не одговара на првичните очекувања. Само 9% од испитаниците одговараат дека оваа година планираат да купат паметен часовник. 40% од нив имаат план при купувањето да платат меѓу 100 и 250 долари. Само 6% би одвоиле над 350 долари, а ако уредот е со цена над 500 долари, тогаш тој треба да може да работи без смартфон, велат корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП