3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДијсеблум: Чекаме нов предлог од Грција во среда

Дијсеблум: Чекаме нов предлог од Грција во среда

dajselblum-blummmm

Претседателот на еврогрупата Жероен Дијсеблум изјави дека министрите за финансии на еврозоната во среда ќе имаат телефонска конференција откако од Грција ќе добијат ново барање за финансиска помош.

Дијсеблум по вонредниот состанок на министрите за финансии на еврозоната потврди дека новиот грчки министер за финансии Еуклид Цакалатос не дошол со конкретен предлог.

„Предлогот го очекуваме утре, кога ќе има нова телефонска конференција за да го проучиме, рече Дијсеблум.

„Ситуацијата бара голема итност. Сите знаеме колку е тешка ситуацијата во Грција“, рече Дијсеблум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП