25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата „петка“ ќе биде претставена наскоро

Новата „петка“ ќе биде претставена наскоро

BMW-5-Series

На интернет се појавија неофицијални фотографии од редизајнираниот модел на БМВ од серијата 5, чија промоција се очекува во април на саемот за автомобили во Шангај.

Кај германскиот гигант очигледно сметале дека актуелниот модел, кој се произведува од 2010-та година, и натаму е доволно атрактивен и конкурентен, па така промените во дизајнот се минимални и едвај забележителни.

Предниот браник на автомобилот е малку редизјаниран, сменети се светлата за магла и има нешто повеќе хромирани украсни делови. Покрај тоа, овој автомобил ќе има и опциони адаптивни ЛЕД фарови.

На купувачите на располагање ќе им бидат и нови алуминиумски бандажи, додека промените на задниот дел од возилото се сведуваат на редизајнирани издувни цевки, наместо кружниот профил тие сега ќе имаат трапезоидна форма.

Покрај четирицилиндричниот и шестцилиндричниот бензински и дизел-турбо мотори, на располагање ќе биде и најмоќниот „TwinPower turbo V8“.

Производството на редизајнираниот автомобил ќе започне во јули 2013-та, а пак во продажните салони се очекува да се најде во втората половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП