18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗошто богатите Кинези го избегнуваат Rolls-Royce?

Зошто богатите Кинези го избегнуваат Rolls-Royce?

kina rr

По неколку години во кои имаше раст во испораките во Кина, „Rolls-Royce“ забележа пад во продажбата на овој автомобилски пазар. Сепак, тоа не е последица затоа што богатите Кинези, нагло станале сиромашни, туку од сосема друга причина.

Имено, купувачите кои имаат доволно пари за „Rolls-Royce“ станале повнимателни затоа што несакаат со скапоцениот автомобил да привлечат внимание на себе кај даночните органи.

„Состојбата во Кина моментално не ја погоди продажбата на моделите на марката „Rolls-Royce“. Пари има доволно, меѓутоа луѓето несакаат да бидат видени како се возат во такви автомобили“, објаснува Петер Шварценбауер од „BMW“, кој е задолжен за овој британски луксузен бренд.

Тој додава дека компанијата веќе се прилагодува на тоа дека производните планови за пад на побарувачката во Кина ќе изнесува 15%.

„Rolls-Royce“ не е единствената луксузна автомобилска марка чија продажба е забавена на кинескиот пазар.

kina rr1

„Audi“, кој во Кина е број 1 кога станува збор за лускузните автомобилски марки, прв пат во последниве две години забележа пад на продажбата на месечно ниво. Меѓутоа, во случајот со „Audi“ причината за падот се препишува на штедењето на кинеските купувачи.

„Rolls-Royce“ е значително погоден од намалената испорака во Кина со оглед дека тамошните купувачи главно нарачуваат автомобили со голем избор на дополнителна опрема, а тие се продаваат по значително поголема цена од „стандардните“ модели.

Во првиот квартал од 2015-та година, компанијата ширум светот испорачала 781 автомобили што е 13 проценти помалку, отколку во првите три месеци од 2014-та, кога е забележана продажба од 4.063 возила за 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП