Кинеските производители на паметни телефони се познати по вештината да копираат успешни модели и најновите технички достигнувања.
Не е исклучок во овој поглед и кинескиот производител „UMI“ кој се очекува да го претстави новиот модел „ZERO 2“, кој ќе се одликува со два екрана. Идејата е позајмена од уникатниот руски смартфон „YotaPhone“ кој досега беше единствениот „Android“ паметен телефон со два екрани.
Новиот „UMI ZERO 2“ ќе има втор „E-Ink“ екран на задната страна. Тој ќе обезбеди подобри можности за читање, а во исто време ќе се одликува со значително помала потрошувачка на батеријата.
И додека од компанијата се уште не ги објават техничките показатели на смартфонот, според информациите кои се појавија на интернет, тој се очекува да е со 5.2 инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели, процесор „MediaTek MT6752“, 3 GB RAM меморија, 16 гигабајти внатрешна меморија и 13-мегапикселна камера.
Цената на моделот „ZERO 2“ се очекува да биде околу 500 долари. За споредба, цената на верзијата на моделот „YotaPhone“ е околу 800 долари, а и тој е со слични технички карактеристики.