22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИASUS претстави нов смартфон (фото+видео)

ASUS претстави нов смартфон (фото+видео)

as nov telefon

Тајванскиот производител на електроника „ASUS“ претстави нов модел паметен телефон под името „Pegasus 2 Plus“.

По неверојатниот успех на моделот „ZenFone“, од компанијата продолжуваат да вложуваат во стратегијата да продаваат евтини смартфони со добри технички карактеристики.

Новиот уред ќе е со 64-битен процесор „Snapdragon 615“ употребен во моделите од средна и ниска класа. Екранот ќе биде 5.5-инчен со резолуција од 1080 x 1920 пиксели и густина од 441 точки по инч.

as nov telefon1

Оперативната меморија ќе е 3 GB, а внатрешната – 32 GB. Уредот ќе има можност за работа со 2 „SIM“ картички, а задната камера ќе биде 13-мегапикселна додека предниот е со резолуција од 8 мегапиксели.

Оперативниот систем на смартфонот ќе биде „Android 5.1.1 Lollipop“, а батеријата е со капацитет од 3030 mAh.

Боите во кои ќе се нуди новиот паметен телефон, се розова, златна и бела боја. Се очекува тој да излезе на пазарот во третиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП